• понеделник, 23 декември 2024

Се подобрува енергетската ефикасност на зградата на подрачното училиште ,,Дедо Иљо Малешевски” во беровско Двориште

Се подобрува енергетската ефикасност на зградата на подрачното училиште ,,Дедо Иљо Малешевски” во беровско Двориште

Берово, 15 декември 2023 (МИА) - Со средства обезбедени преку  Фондација отворено општество Македонија подобрена е енергетска ефикасност на зградата на подрачното училиште ,,Дедо Иљо Малешевски” во беровско Двориште.  

Во ова училиште, како што информираа од Општината, привршуваат активностите за изградба на фотоволтаична соларна централа, на зградата на подрачното училиште.

Градоначалникот на Берово, Звонко  Пекевски изразувајќи благодарност до ФООМ за инвестицијата, нагласи дека ова е многу значајна инвестиција, која што не само што ќе придонесе за заштеда на електрична енергија, во училиштето, туку во значителни размери ќе ги намали трошоците на училиштето и ќе овозможи создавање на „ Сончеви училишта” како што е и насловот на заедничкиот проект на ФООМ и Општина Берово.  

Целта на овој проект, како што додаде, е овозможување на искористување на сончевата енергија и рационално користење на енергијата, создавање на енергетски институции и функционален образовен процес

Инвестицијата за инсталирање на фотоволтаичната централа, за производство на електрична енергија од сончева енергија, на зградата на подрачното училиште ООУ „Дедо Иљо Малешевски” во село Двориште, е вредна 26.460 америнкански  долари. вс/дма/


Фото: Општина Берово

Остани поврзан