Се омажи за јапонската принцеза Мако
- Јапонската телевизија ја прикажа Мако како ја напушта царската палата во царската област Акасака, во Токио и се збогува со семејството, поклонувајќи им се на родителите и прегрнувајќи ја сест
Токио, 26 октомври 2021 (МИА) - Принцезата Мако, внука на јапонскиот цар, по долгогодишни контроверзии околу нејзината врска, се пак, се омажи за свршеникот Кеј Комуро. Таа претходно се откажа од традиционалните благороднички привилегии и значителен паричен надомест.
Јапонската телевизија ја прикажа Мако како ја напушта царската палата во царската област Акасака, во Токио и се збогува со семејството, поклонувајќи им се на родителите и прегрнувајќи ја сестра сѝ. На почетокот на овој месец, царските служби појаснија дека свадбената свеченост, приемот и другите ритуали нема да се одржат и дека не се одобрува обредот со парично дарување, макар што тоа им следува на жените од царското семејство кои се мажат за луѓе од неблагородно потекло. Инаку, се работи и за паричен износ еднаков на 1,2 милиони евра.
Внуката на императорот Нарухито, која викендов наполни 30 години, ја загуби својата кралска титула кога таа и Кеј Комуро официјално се венчаа. Тоа е вообичаено за жените од царската лоза, но принцезата Мако е прва во поновата историја на Јапонија која го отфрли свадбениот паричен надомест.
Ќерката на помладиот брат на царот Нарухито со години трпеше критики и одолговлекување во врска со нејзиниот брачен план со, исто така 30-годишниот Кеј Комуро, кој беше напаѓан поради тврдењата дека неговата мајка позајмила пари од нејзиниот поранешен партнер и одбила да му врати. Оваа афера, која сè уште не е докрај решена, предизвика низа контроверзи во Јапонија, каде што вообичаено се очекува беспрекорно однесување на царското семејство. Свадбата потоа беше одложувана, а Кеј Комуро се пресели во САД во 2018 година за да ги продолжи студиите по право. си/сд/