• понеделник, 23 декември 2024

Се намалуваат водостоите на реките, нивоата на езерата исти како вчера

Се намалуваат водостоите на реките, нивоата на езерата исти како вчера

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) – Водостоите на речиси сите реки во земјава минимално се намалени во споредба со вчера, додека нивоата на трите природни езера се исти со вчерашните, покажуваат резултатите о д последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најголемо намалување на водостојот од 14 сантиметри има реката Пчиња на мерното место кај Пелинце по што следи Треска кај Македонски Брод со намалување од 13 сантиметри. Кај другите реки намалувањето е значително помало, а исклучок се реките Радика и Вардар каде има зголемување на нивото.

Најголемо зголемување на водостојот од 18 сантиметри има Вардар на мерното место кај Велес, а Радика кај Бошков Мост има зголемување од 15 сантиметри. Вардар воедно бележи зголемување на нивото од два сантиметри кај Јегуновце, додека на вливот на Лепенец има намалување на водостојот од два сантиметра, а во Скопје за пет сантиметри. вј/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан