Се зголемува поддршката за складирање на пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец
- -Со одлуката се овозможува поддршка за складирање од родот од 2023 година, заради нарушување на односот помеѓу понудата и побарувачката и стабилизација на пазарот со јачмен, што значи обезбедување пониска цена за складирање или покривање на трошоците за складирање на јачменот, соопшти вечерва владината перс-служба.
Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - Одлука за определување на јачменот како земјоделски производ, за којшто се однесуваат интервенциски мерки, е донесена денеска на седница на Владата на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-Со одлуката се овозможува поддршка за складирање од родот од 2023 година, заради нарушување на односот помеѓу понудата и побарувачката и стабилизација на пазарот со јачмен, што значи обезбедување пониска цена за складирање или покривање на трошоците за складирање на јачменот, соопшти вечерва владината прес-служба.
Владата донесе и Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за постапката за доделување на финансиска поддршка за складирање на земјоделски производи, а со којашто покрај пченицата, се додава и јачменот како земјоделски производ за којшто ќе се овозможи да се добие финансиска поддршка за складирање. Станува збор за зголемување на поддршката за складирање за пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец, со вклучен ДДВ.
На владината седница е усвоена и Информација и е усвоена Одлука за распределба на средства согласно со Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во државава.
-Општините во државата и во градот Скопје, како што е соопштено од Министерството за животна средина и просторно планирање, средствата ќе ги добиваат како донација за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, како и за системи за третман на отпадни води и набавка на опрема којашто ќе биде во прилог на подобрување на водоводната инфраструктура на нивна територија, информираат од Владата. лв/вг/
фото: МИА архива