• среда, 03 јули 2024

Се гради фекална канализација во штипската населба Железничка

Се гради фекална канализација во штипската населба Железничка

Штип, 7 август 2023 (МИА) - Почна изградбата на фекална канализација во штипската населба Железничка. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека стотина домаќинства конечно ќе бидат приклучени на фекалната канализација.

Проектот е вреден околу 30 милиони денари, а е на барање на жителите од оваа населба.

-Станува збор за потреба на месното население уште од градењето на населбата. Неколку стотина домаќинстава не се опфатени со фекална канализација. Од годините наназад многу се ветувало, ама ете ние смогнавме сили обезбедивме средства за отпочнување на овој проект, вели Јорданов.    

Жителите се задоволни што конечно во 21 век ќе добијат соодвтени услови за живот. По завршувањето на активностите за приклучување на фекална канализација ќе се асфалтираат сите улици и краци во штиска Железничка. 

-По завршувањето на канализацијата сите улици и краци ќе бида асфалтирани. До крајот на оваа година ќе завршат акивностите во Горна Железничка, а на почетокот на 2024 година во Долна Железничка, додаде Јорданов. 

Тој истакна дека со вакви проекти на терен се подобруваат условите за живот.вдј/сст/

фото МИА архива

Остани поврзан