• сабота, 18 мај 2024

Се гради фекален колектор од село Ваташа до месноста „Дванаесет ваташки младинци“

Се гради фекален колектор од село Ваташа до месноста „Дванаесет ваташки младинци“

Кавадарци, 27 јануари 2024 (МИА) - Се гради фекален колектор од село Ваташа до месноста „Дванаесет ваташки младинци“, информираа од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Оттаму нагласија дека продолжува интензивната изградба на водоводна и канализациска мрежа, како и реконструкцијата на каптажите во месноста Моклиште.
 
- Прва фаза, со која е опфатен фекален колектор во должина од 1.600 квадратни метри, од село Ваташа до месноста „Дванаесет ваташки младинци“. Доделени се средства од Министерството за животна средина и просторно планирање во износ од 4.000.000 денари, додека останатите 3.400.000 денари се инвестиција на општината. Со изградбата на овој фекален колектор, сите куќи од село Ваташа до месноста „Дванаесет ваташки младинци“, ќе бидат приклучени во фекалната канализација и нема да имаат никаков проблем во иднина, соопштија од Кабинетот на градоначалникот Јанчев. 

Изведувач на работите е „АС машини“. свд/ев/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан