• сабота, 21 декември 2024

Се градат повеќе улици во Општина Градско

Се градат повеќе улици во Општина Градско
Велес, 3 август 2021 (МИА) - Општина Градско почна со градежните работи за реконструкција на улицата „Илинденска", со изградба на атмосферска канализација со вкупна должина од 303 метри која ќе ги зафаќа сите атмосферски води од овој дел на општината. Градоначалникот Роберт Бешовски за МИА истакна дека оваа улица е главна артерија во населба Градско која е дел од локалниот пат Градско - Долно Чичево - Подлес. Тој потенцира дека во моментот се работи на првата фаза со должина од 115,67 метри со вредност од 3.180 илјади денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Градско. - По завршувањето на првата фаза се продолжува реконструкцијата улицата и изградба на атмосферска канализација на втора и трета фаза со должина од 187,18 метри со вредност 4.497.690 денари, средства обезбеди од Бирото за регионален развој и од буџетот на Општина Градско. Завршена е реконструкцијата на дел од улицата „Кочо Рацин" во село Виничани во должина од 100 метри. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Градско во вредност од 500 илјади денари, рече тој. Бешовски информира дека завршија градежните работи и за изградба на улица бр.3 во село Виничани - пристапен пат за населба Лаките, со вкупна должина од 580 метри, во вредност од 2.милиони 543.850 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Градско Општина Градско потпиша договор со фирмата ДГТ „Градба Промет" ДОО Кавадарци за изградба на дел од улица "Староградска" во должина од 220 метри во Долно Градско во вредност од 1.067.335,00 денари, средствата се обезбедени од буџетот на општината. Почеток на градежните работи се очекува неделава најави Бешовски. - Општина Градско потпиша договор од програмата ТАВ за подршка на инфраструктурни проекти за изградба на улица 1 во село Ногаевци во должина од 254 метри со вредност од 1.699.289,74 ден. Реализација на проектот се очекува во текот на месец август. Воедно, Општина Градско изминатата недела потпиша договор од програмата ТАВ во третата група за подршка на инфраструктурни проекти за изградба на улица 2 во село Кочилари во должина од 130 метри со вредност од 821.780 денари. Реализација на проектот се очекува на почетокот на месец септември, најави Бешовски. Во тек е јавна набавка за реконструкција на улица „Панко Брашнаров“ и крак од улица „Панко Брашнаров“ со атмосферска канализација во населба Градско во висина од 2.303.147 денари, кои се обезбедени од буџетот на општината. - Со овие проекти ќе придонесеме за подобри услови за живот за жителите во сите населени места во Општина Градско, потенцира Бешовски. ад/фф/

Остани поврзан