• петок, 05 декември 2025

Се активираат месните и урбаните заедници во Општина Делчево

Се активираат месните и урбаните заедници во Општина Делчево

Делчево, 14 ноември 2025 (МИА) – Во Општина Делчево во тек е процесот на реизбор на советите на месните и урбаните заедници, со кој локалната самоуправа има цел да ја зајакне вклученоста на граѓаните во креирањето локални политики и решавањето на секојдневните проблеми.

Градоначалникот Иван Гоцевски изјави дека месните и урбаните заедници се „основна клетка на локалната самоуправа“ и дека нивното активно функционирање е од особено значење за подобрување на квалитетот на живот во Делчево.

-Мој приоритет како градоначалник е да ги активирам месните и урбаните заедници и да ја вратам довербата на граѓаните во општината како институција. Сакаме да покажеме дека сме партнери во решавањето на проблемите. На новоизбраните членови на советите им порачувам да бидат одговорни претставници на своите соседи и на заедницата, рече Гоцевски.

Процесот започна во Месната заедница Габрово, каде во демократска и транспарентна постапка беше избран седумчлен Совет, а за претседател беше избран Орце Илиевски.

Според распоредот, вечерва во 18 часот ќе се одржи собир на граѓани во селото Вирче, а активностите продолжуваат од понеделник во селата Стамер, Град и Ѕвегор, како и во градските населби Милково Брдо и Ново Делчево. вс/мд/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан