• среда, 18 декември 2024

Сејдини поднесе оставка, вонредно Собрание на ФФМ на 22 декември

Сејдини поднесе оставка, вонредно Собрание на ФФМ на 22 декември

Скопје, 17 ноември 2024 (МИА) - Муамед Сејдини вечерва по завршувањето на ноемвриски натпревари од Лигата на нации, поднесе оставка од претседателската функција на Фудбалската федерација на Македонија.

Сејдини оставката ја достави пред Управниот одбор, чие мнозинство пред 20 дена, побара итен состанок за разгледување на состојбите во македонскиот фудбал.

Инаку, мандатот на Сејдини требаше да заврши во март следната кога се очекуваше редовно Изборно собрание на ФФМ.

Сепак, по оставката на Сејдини, делегатите на ФФМ ќе одржат  вонредно Изборно собрание на 22 декември. 

Се очекува за нов претседател на ФФМ да биде избран Масар Омерагиќ. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан