• понеделник, 23 декември 2024

СЕХА Лига: Еурофарм Пелистер го совлада Татран Прешов со 37:29 (20:27)

СЕХА Лига: Еурофарм Пелистер го совлада Татран Прешов со 37:29 (20:27)

Битола, 4 април 2023 (МИА) - Ракометарите на Еурофарм Пелистер со предност од осум голови ќе патуваат и гостуваат во Словачка на реванш со Татран Прешов, откако вечерва во рамки на четвртфиналниот натпревар од СЕХА-Лигата го совладаа словачкиот тим со 37:29 (20:27).

Битолчани вечерва демонстрираа ефикасен ракомет, постигнаа 37 голови, а во еден момент имаа и предност од девет голови, која на крајот беше потврдена со солидна предност и оптимизам за пласман во полуфиналето.

На средбата што ја следеа околу 1.500 гледачи освен многу голови, беа регистрирани и одлични ракометни комбинации, а највпечатливи за публиката беа надмудрувањето над гостите што го направија Хененберг и Пешевски, како и голот со ротација на српскиот интернационалец Ивановиќ, кои публиката ги награди со аплауз.

Најдобар стрелец на натпреварот беше репрезентативецот Костески кој постигна 10 голови, а веднаш зад него со 9 погодоци се истакна гостинскиот ракометар Касаткин. мт/сп/

Фото: МИА

Остани поврзан