• недела, 22 декември 2024

Сеул: Потполно сме подготвени да одговориме на провокациите од Пјонгјанг

Сеул: Потполно сме подготвени да одговориме на провокациите од Пјонгјанг

Сеул, 14 октомври 2024 (МИА) - Јужнокорејската армија денеска соопшти дека е „потполно подготвена“ да одговори на предупредувањата од Северна Кореја, по зголемувањето на тензиите меѓу двете земји поради летови на беспилотни летала над Пјонгјанг. Северна Кореја ги обвини јужните соседи за летање дронови над Пјонгјанг и фрлање пропагандни летоци со „провокативни гласини и ѓубре“.

Пјонгјанг вчера предупреди дека следниот лет на дрон ќе го смета за „објава на војна“. Јужнокорејската армија ги негираше обвинувањата дека стои зад управувањето на дроновите, обвинувајќи ги јужнокорејските активистички групи, кои честопати праќаат пропагандни летоци кон Северна Кореја.

Северна Кореја синоќа нареди на дел од војската, која веќе е во борбена готовност, целосно да се подготви за отворање оган. Истовремено, воздушниот надзор над Пјонгјанг беше дополнително засилен. ссм/

фото: архива

Остани поврзан