• петок, 22 ноември 2024

Сенатот ја назначи Кетанџи Браун Џексон за судијка на Врховниот суд на САД 

Сенатот ја назначи Кетанџи Браун Џексон за судијка на Врховниот суд на САД 
 

Вашингтон, 7 април 2022 (МИА) Сенатот на САД ја одобри номинацијата на Кетанџи Браун Џексон за судијка во Врховниот суд на САД со 53 гласови за и 47 против.

Џексон (51), е 116. судија на Врховниот суд на САД, доаѓа од федералниот апелационен суд и е првата Афроамериканка што ќе служи на оваа важна судско-правна позиција.

Таа, исто така, им се придружи на трите други жени судијки кои сега служат во судот: Соња Сотомајор, Елена Каган и Ејми Кони Барет. Сo ова се одбележува уште еден историски факт, кога првпат во историјата на Врховниот суд на САД со него ќе заседаваат четири жени. 

Вкупниот број членови на судот е деветкб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан