• петок, 27 декември 2024

Семинар „Чудесниот свет на конзервацијата“

Семинар „Чудесниот свет на конзервацијата“
Скопје, 16 април 2022 (МИА) - Единаесет конзерватори од земјава ќе учествуваат на семинарот „Чудесниот свет на конзервацијата“, што ќе се одржува викендов во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Предавач е м-р Азра Бечевиќ Шаренкапа - текстилен конзерватор од Националниот музеј на Босна и Херцеговина. Семинарот е дел од меѓународниот прокет „Едукон“ (EduCon), поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија, а во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Целта на проектот е да се зголеми посетеноста во музеите, за повеќе категории посетители, преку десет обуки и семинари, за музејските професионалци од музеите во Скопје. Во текот на оваа година ќе бидат реализирани семинари на повеќе теми од областа на музејската едукација, маркетинг во музеите, пристапност и инклузија во музеите, интерпретација, развој на публика и др. во соработка со искусни предавачи од Балканот. Менаџер на проектот „Едукон“ е д-р Ирена Ружин, а координатор м-р Жаклина Мучева. мд/са/

Остани поврзан