• недела, 22 декември 2024

Семинар „Превенција и спроведување на закони против корупција - перспективи од Франција и Југоисточна Европа“

Семинар „Превенција и спроведување на закони против корупција - перспективи од Франција и Југоисточна Европа“
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчески и францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер денеска ќе се обратат на отворањето на семинарот насловен „Превенција и спроведување на закони против корупција - перспективи од Франција и Југоисточна Европа“. Во рамки на семинарот ќе се одржат панели на теми поврзани со спречување и казнување на корупцијата на кои ќе се обратат претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, актуелната и поранешната директорка на Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“,Наташа Габер-Дамјановска и Анета Арнаудовска, обвинителката Наташа Поп-Трајкова, како и повеќе експерти од Франција и од земјите од регионот. сп/лв/

Остани поврзан