• вторник, 05 ноември 2024

Семејствата на починатите од коронавирус во Ломбардија бараат Фон дер Лајен и Рагнар да ја следат истрагата

Семејствата на починатите од коронавирус во Ломбардија бараат Фон дер Лајен и Рагнар да ја следат истрагата
Рим, 14 јули 2020 (МИА) - Семејствата на починатите од Ковид19 во Ломбардија, кои пред еден месец поднесоа тужба во судот во Бергамо против политичари за кои сметаат дека се одговорни за тоа што не реагирале соодветно на пандемијата, сега испратија писмо до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и до претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Рагнар Спано. Семејствата бараат од нив „да го следат процесот на истрагата во Ломбардија“ затоа што сметаат дека во трагичниот биланс на пандемијата во Ломбардија има „елементи на злосторство против човештвото со кршење на Уставот на Италија и Повелбата на ЕУ за основни човекови права“. За време на пандемијата од Ковид -19 во Ломбардија починаа 16.757 лица, претежно постари. паг/  

Остани поврзан