Семејно насилство во Струга, сопругот и свекорот приведени во полиција
- Дваесет и осумгодишна жена од Струга физички била нападната од сопругот и свекорот, по пријава во полиција лицата биле лишени од слобода.

Струга, 18 март 2025 (МИА) - Дваесет и осумгодишна жена од Струга физички била нападната од сопругот и свекорот, по пријава во полиција лицата биле лишени од слобода.
СВР Охрид денеска соопшти дека на 17 овој месец во 13 часот и 40 минути, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Р.Ш.(35) и Б.Ш.(55), двајцата од Струга.
- Полицијата постапувала по претходна пријава дека во семејниот дом во Струга физички нападнале 28 - годишна жена, член на семејството, изјави портпаролот Стефан Димоски.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. сс/дма/
Фото: МИА архива