Селтикс очекуваат Гордон Хејворд да се врати за серијата со Мајами
- Во стручниот штаб Бостон Селтикс очекуваат нивниот кошаркар Гордон Хејворд да се врати за натпреварите во финалето на Источната конференција против Мајами.

Орландо, 12 септември 2020 (МИА) – Во стручниот штаб Бостон Селтикс очекуваат нивниот кошаркар Гордон Хејворд да се врати за натпреварите во финалето на Источната конференција против Мајами.
Тие очекувања ги сподели тренерот на Бостон, Бред Стивенс.
- Мислам дека тој ќе се врати во одреден момент за време на серијата, но не знам кога“, изјави Стивенс.