• понеделник, 23 декември 2024

Селта го сака Манџукиќ во своите редови

Селта го сака Манџукиќ во своите редови
Виго, 10 ноември 2020 (МИА) – Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ се најде во сферата на интерес на Селта, објави „АС“. Раководството на шпанскиот прволигаш размислува да го ангажира 34-годишниот напаѓач. Сепак, конечната одлука за играчот ќе ја донесе новиот тренер, кој ќе го замени разрешениот Оскар Гарсија. Манџукиќ во моментов е слободен агент. Последен клуб на Хрватот беше катарскиот Ал-Духаил, кој го напушти во јули. Оваа есен Локомотив покажа суштински интерес за Манџукиќ. Рускиот вицешампион му понудија договор на вицешампионот на светот, но до соработка не дојде. зс/

Остани поврзан