• понеделник, 23 декември 2024

Села: Соседите треба да се признаваат меѓу себе, политиката треба да донесе компромиси

Села: Соседите треба да се признаваат меѓу себе, политиката треба да донесе компромиси
Скопје, 18 април 2022 (МИА) - Соседите треба да се признаваат меѓу себе. Треба да се почне со тоа што ќе се признаваат малцинството обострано, во Северна Македонија на бугарското малцинство и во Бугарија на македонското малцинство. Тоа би било еден добар чекор, истакна претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на денешната прес-конференција во Собранието. Во поглед на проблемот кој постои меѓу Северна Македонија и Бугарија, Села смета дека актите како отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола не придонесуваат за побргу да се тргне блокадата од бугарската страна за започнување на преговорите со ЕУ. - Како политичар не можам да прифатам кога одредени држави кога се отвора овие теми зборуваат дека тоа било внатрешно прашање. Воопшто гледано, прашањето на малцинството е прашање на човековите права и според тоа не може да биде внатрешно право на некоја држава во светот. Од друга страна, мислам дека се комплицира овој процес без потреба. Секогаш кога слушам дека експертите ќе најдат решение, јас не мислам дека треба да очекуваме решенија од страна на експертите. Експертите си прават наука, а во науката нема компромис. Тие што прават компромис се политичарите и тие треба да најдат компромис. Смета дека отворените прашања треба да се решаваат во некој друг момент. Политиката треба да донесе компромиси. Треба да се најде решение, рече Села. Тој ја повика Бугарија да го тргне ветото и Северна Македонија заедно со Албанија што побргу да бидат членки на Европската унија, бидејќи, како што рече, ЕУ не е само унија на земјите-членки заради некои економски интереси, туку повеќе се гледа како унија која има исто така и геополитичко значење. На новинарско прашање околу штрајкот на просветните работници, Села рече дека ова не би се случило доколку беше прифатен амандманот на Алијансата за Албанците за раст за минималната плата, за линерен раст на платите во сите сектори. - Мене ми изгледа апсурдно и лицемерно од страна на Владата што сега одигруваат улога на жртва бидејќи СОНК не ја прифатила понудата од 2.500 денари пораст на платите, додека Владата во времето кога се зголемуваше минималната плата, еднострано, бескрупулозно го отфрли амандманот на Алијансата за Албанците со кој се предвидуваше линеарно зголемување на платите и на наставниците, на администрацијата и на сите други вработени, рече Села.фф/са/

Остани поврзан