• недела, 24 ноември 2024

Села и Гаши од Куманово: Време е за промени, потребни се вистински политики за развој

Села и Гаши од Куманово: Време е за промени, потребни се вистински политики за развој
Куманово, 6 јули 2020 (МИА) - Алијансата за Албанците и Алтернатива вечерва на градскиот плоштад во Куманово ја презентираа програмата со која настапуваат на предвремените парламентарни избори. Пред присутните зборуваа кандидатите за пратеници, лидерите на двете партии кои ги повикаа гласачите да ги поддржат на 15 јули и истакнаа дека е време за промени во албанското општество во државата. Носителот на листата од ИЕ2 Африм Гаши пред кумановци рече дека кај Албанците дојдено е време за промена, бидејќи, како што рече,  стагнираат во економскиот развој, образованието, здравството. - Не можеме да ги направиме овие промени ако нема промена на политичките елити. 18 години ние стоиме во место, во една тешка агонија и мислиме дека дојдено е време за промена и кај Албанците. Мислиме дека тоа ќе биде здраво не само за нас Албанците, туку и за сите граѓани во државата, рече Гаши. Тој информираше дека предвидени се проекти од повеќе области кои важат за сите граѓани, рамноправен развој во сите средини, водоснабдување, канализации, патишта, целокупна инфраструктура која е неопходна за секојдневното функционирање. - Мислиме дека е дојдено време за промена 18 години е долг период, битно е за Албанците да има промена и очекуваме и убедени сме дека на 15 јули ќе има промена, потенцира Гаши. Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села истакна дека граѓаните треба да се одлучат да ги поддржат бидејќи, како што рече, на граѓаните им е потребно тоа, за враќање на надежта. - Одамна Албанците се одлучени да донесат демократија внатре во нивното општество тука во Македонија од 2009 минимум, ама жално е дека македонските политички партии им помагаат во неколку наврати, било ВМРО ДПМНЕ, било СДСМ. Веќе Албанците се одлучени да донесат промени, со тоа и надеж, вели Села. Тој потенцира дека нудат богата политичка платформа, правда, економски развој, добро образование и ставање крај на девијантни феномени, затворање на казина. - Мислам дека ова општество има потреба за да има вистински политики, а не политики кои ги поттикнуваат младите на девијантни однесувања. Нема да грешат ако нѐ гласаат. Ќе победиме од Липково сѐ до селата во Битола, потенцира Села.ам/фф/

Остани поврзан