• недела, 22 декември 2024

Секторската консултација за соработката меѓу граѓанските организации и институциите

Секторската консултација за соработката меѓу граѓанските организации и институциите

Скопје, 12 март 2021 (МИА) - Секторска консултација на тема „Ефектите од работата на Секторската работна група за конкурентност и иновации и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“, ќе се одржи денеска, во организација на Фондацијата Отворено општество.

Секторската консултација е организирана во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ и ќе се одржи онлајн на веб платформата ZOOM, на следниов линк.
Според најавата од ФООМ, говорници на настанот ќе бидат заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, Нада Наумовска - програмска координаторка од ФООМ, Сабина Факиќ - програмска директорка во Центарот за граѓански комуникации, Јадранка Аризанкова - виш советник во Стопанска комора на РСМ како и претставник од Секретаријатот за европски прашања (СЕП). ар/скс/

Остани поврзан