• петок, 15 ноември 2024

Сексуалните работници во Холандија се враќаат на работа

Сексуалните работници во Холандија се враќаат на работа
Амстердам, 17 јуни 2021 (МИА) - Сексуалните работници оваа недела се враќаат на работа со падот на бројот на лица заразени од Ковид-19, објави денеска холандскиот министер за здравство Хуго де Јонг. Проституцијата во Холандија е легална, но беше забранета од средината на декември, кога властите воведоа ограничувања за борба против пандемијата на коронавирусот. Сексуалните работници протестираа во Амстердам во март, тврдејќи дека биле дискриминирани затоа што властите дозволиле отворање на други услужни дејности каде што исто така се остваруваат „контакти“ со клиенти, како што се фризерски салони и салони за масажа. За време на затворањето, Владата им понуди ограничена финансиска помош на сексуалните работници кои имаат важечки договор за работа и можат да докажат дека изгубиле најмалку 20 проценти од своите приходи поради пандемијата. Де Јонг рече дека стапката на вакцинација која сега е постигната овозможува Владата да продолжи да ги олеснува мерките. Тој најави дека во среда ќе бидат отворени и зоолошките градини, фитнес центрите и базените, бидејќи вакцинацијата на населението го намали притисокот врз болниците. Од почетокот на пандемијата, потврдено е дека 1,6 милиони луѓе се заразени во земјата со 17 милиони жители, а повеќе од 20.000 починаа. паг/  

Остани поврзан