• сабота, 16 ноември 2024

Секој обид за деблокада на институциите е добредојден, вели Османи

Секој обид за деблокада на институциите е добредојден, вели Османи
Скопје, 26 март 2021 (МИА) – Премиерот ќе има средби и со други партии од опозицијата, а не само со ВМРО-ДПМНЕ. Вакви состаноци се потребни во рамки на блокадите на институциите кои ги прави опозицијата во најтешките услови за нашата држава, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи ја најавената средба помеѓу лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Невидено и неприфатливо е, истакна Османи,  во услови на активна пандемија кога се зголемува бројот на  жртвите да се блокира главната институција која креира политики  со цел да ги олесни здравствените и социоекономските последици. -Овие состаноци  ќе ги направат и другите партии кои се дел од Владата и секој од нас кој може да помогне во деблокада на институциите сега кога граѓаните имаат повеќе од кога било потреба за одлуки кои ќе им го олеснат  животот мислам дека тоа треба да се направи, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање. Заев денеска изјави дека верува оти по најавената средба за в понеделник со Мицкоски ќе соопштат дека е најдено решение помеѓу големите политички субјекти за Изборниот законик, и воведувањето на отпечаток на прстот на следните избори. Најави и можен договор за вакцинирање на попишувачите, но претходно во консултација со Комисијата за заразни болести. -Секако ќе разговараме за одблокирање на сите оние блокирани постапки коишто вчера дадоа сигнал дека можеме да ги решаваме, како што беше веднаш прифаќањето од страна на претседателот на Собранието и на парламентарното мнозинство предлогот на опозицијата да се стави приоритет – гласањето на законите коишто значат помош и поддршка за населението, за ранливите категории на граѓани, за работните места, за компаниите итн. Веројатно тоа треба да ни биде охрабрување да се најде решение за сите други прашања коишто за жал се блокирани во Собранието, рече Заев. Тој  вчера го прифати повикот од лидерот на најголемата опозициска партија за тет-а-тет средба за да разговараат за кризата со пандемијата, работата на Парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите…лв/ац/

Остани поврзан