Седум медали за македонските каратисти на ЈКА Европскиот куп во Србија
- Забележителен успех постигна петчлената македонска ЈКА репрезентација, составена од натпреварувачи од скопскиот „Шисеикан каратедо“ на престижниот Европски куп „Србија Опен – Меморијал Оливер Томиќ“ освојувајќи седум медали, од кои три златни.
Скопје, 31 март 2026 (МИА) – Забележителен успех постигна петчлената македонска ЈКА репрезентација, составена од натпреварувачи од скопскиот „Шисеикан каратедо“ на престижниот Европски куп „Србија Опен – Меморијал Оливер Томиќ“ освојувајќи седум медали, од кои три златни.
На еден од најсилните турнири во овој дел од сезоната, Европскиот ЈКА куп одржан изминатиот викенд во Крушевац, собра околу 1.000 натпреварувачи, вклучувајќи ги репрезентациите на Унгарија, Романија, Словенија, Србија и Чешка во возрасни категории од осум години до ветерани.
Во категоријата кумите (борби), македонските натпреварувачи од клубот „Шисеикан каратедо – Скопје“се закитија со седум медали, а најголем успех постигнаа Томи Велковски, освојувајќи две златни одличја во борби во категоријата деца на возраст од 10-11 години и во борби за деца до 42 килограми, Сенсеи Владимир Јовановски, кој освои златен медал и пехар во апсолутна гранд категорија во борби за сениори и ветерани заедно, како и сребро во апсолутна категорија во борби за сениори, додека Стефан Петровски се закити со бронза во борби за јуниори
Забележителен настап со освоено 5 место имаа и Михаил Ангелески, во борби за деца 12-13 г., како и Матеј Стојкоски, во истата возрасна категорија во кати.
Европскиот куп „Меморијал Оливер Томиќ“ што го носи името на една од најголемите југословенски карате легенди, кој почина во 2021 година, го организираа Српската каратето конфедерација и Јапонската карате асоцијација (ЈКА) на Србија. ег
ФОТО: Шисеикан Каратедо