• понеделник, 25 ноември 2024

Седници на неколку собраниски комисии

Седници на неколку собраниски комисии
Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за надворешни работи и за труд и социјална политика, како и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за економски прашања се измените и дополнувањата на Законот за угостителската дејност и на Законот за енергетска ефикасност, двата по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување на законот за јавните претпријатија и Предлог на закон за дополнување на Законот за возила. Членовите на Комисијата за надворешна политика треба да го разгледаат Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за соработка во областа на дијаспората. Пред Комисијата а труд и социјална политика се измените на Законот за заштита на децата и на Законот за заштита на децата, измените и дополнувањата на законот за социјалната заштита, сите по скратена постапка, како и измените на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и измените и дополнувањата на Законот за семејство. Членовите на оваа комисијата треба да ги разгледаат и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2021 година и Финансискиот извештај на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2021 година. На Законодавно - правната комисија на дневен ред се повеќе законски текстови. ев/са/
 

Остани поврзан