• недела, 17 ноември 2024

Седница на Судски совет (во живо)

Седница на Судски совет (во живо)

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ја одржува 496. седница на која на дневен ред се повеќе точки помеѓу кои и оглас за избор на претседател на Основен суд Гевгелија и усвојување на правилници за користење службен мобилен телефон и службени моторни возила од возниот парк на Советот.

Покрај усвојување на записникот од 491 седница, на денешната седница е предвидено и утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија како и констатирање на престанок на ВД претседател на Основен суд Велес и донесување на одлука за определување на ВД претседател на Основен суд Велес.

На седницата ќе се одлучува и за престанок на судии поротници во Основен суд Куманово и Основен суд Гевгелија и избор на судии поротници на Основен суд Гевгелија како и одлучување по барање за одвоен живот на судија.

Разгледување на извештаи за исполнетост на критериумите за избор на претседател на Основен суд Кочани, Основен суд Охрид, Основен суд Радовиш и Основен суд Струмица, разгледување на известување за времено упатување на судија во Основен суд Струга и разгледување на можноста за спроведување на психолошкиот тест и тестот за интегритет се, исто така, дел од точките на дневниот ред. 

На крајот од седницата е предвидено да се расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет, како и донесување на Одлука за измена на подносител на барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и формирање на комисии на известители по поднесени барања  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд. ар/ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан