• петок, 05 декември 2025

Седница на Буџетскиот совет на Собранието

Седница на Буџетскиот совет на Собранието

Скопје, 31 август 2023 (МИА) - Во Собранието денеска се одржа седница на Буџетскиот совет на која беше изгласана одлука за давање на согласност за изменување и дополнување на Буџетот на Собранието за 2023 година иницирана од барањето на Министерството за финансии во контекст на ребалансот на Буџетот за 2023 година.

Согласно одлуката, Министерството за финансии се известува дека Собранието има потреба од зголемување за 95.500 милиони денари од кои најголем дел за зголемување на платите на вработените за 10% и на 124 функционери за 78%, исто така по основ на други ставки има намалување на собранискиот буџет за 19.500 милиони денари. 

Буџетскиот совет донесе Стратешки план на Собранието за периодот 2024-2028 година, а пратениците дадоа согласност и за планот за вработување во службата за вработување за 2024 година. За следната година планирани се 31 ново вработување и  37 унапредувања, 15 вработени заминуваат во пензија а се испразнуваат и 28 места други места по други основи. Од 2018 до 2022 година реализирани се 90 унапредувања во собраниската служба, а за оваа година планирани се 25 коишто се уште не се реализирани. 

Пратениците донесоа и одлука за Предлог на буџет на Собранието за 2024 година во висина од 905 милиони и 500 илјади денари. ев/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан