• петок, 05 декември 2025

Седлоски: Максимално сме подготвени за враќањето во Европа

Седлоски: Максимално сме подготвени за враќањето во Европа

Скопје, 9.јули 2025 (МИА) - Фудбалскиот клуб Вардар актуелниот Куп освојувач на Македонија се враќа на европската сцена и утре ќе игра во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Противник на „вардарци“ е екипата на Ла Фиорита од Сан Марино. „Црвено-црните“ важат за фаворити во овој дуел и за пласман во следната рунда.

- Имавме добри подготовки изминатиов месец и сметам дека сме добро подготвени. Вардар подолг период нема настап во европски куп, го знаеме ривалот, но ние пред се гледаме во самите нас и јас сум фокусиран на моите фудбалери. Очекувам квалитетен натпревар и да стигнеме до победа. Во фудбалот нема фаворити, затоа ќе бидеме внимателни со гостите од Сан Марино, изјави на прес конференцијата тренерот на Вардар, Гоце Седлоски. 

Натпреварот меѓу Вардар и Ла Фиорита се игра во утре (четврток), а  почетокот е во 20:30 часот на Арената „Тодор Проески“. мн/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан