• петок, 22 ноември 2024

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата
Волфсбург, 10 јануари 2022 (МИА) - „Фолксваген“ официјално му стави крај на производството на седанот „Пасат“. Германската компанија одлучи повеќе да не го произведува ова возило со четири врати во Европа, а меѓу причините за таа одлука е подобрата продажба на караван-верзијата и производството на слично позиционираниот „Артеон“. Информациите за „пензионирањето“ на „Пасат“ во Европа кружат од 2020 година, и неговиот крај се очекуваше во 2023 година, но „Фолксваген“ одлучи да го направи тоа порано. И во САД, исто така, постојната „ограничена серија“ на „Пасат“ го означува крајот на производството на овој седан и за американскиот пазар. Сѐ ова е резултат и на најавата на моделот „Фолксваген аеро Б“ - целосно електричен седан во развој. Иако концептот беше претставен како караван, според познавачите, електромобилот се очекува и во облик на лимузина. Името „Aeрo Б“ , веројатно, ќе биде променето, бидејќи „Фолксваген“ би можел да го продолжи трендот со електромобили. Новото возило ќе биде претставено кон крајот на оваа или почетокот на следната година.  си/сд/

Остани поврзан