• петок, 22 ноември 2024

Северна Македонија прогласи уште шест руски дипломати за персона нон грата

Северна Македонија прогласи уште шест руски дипломати за персона нон грата

Скопје, 15 април 2022 (МИА) - Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Русија во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

Како што соопшти МНР, врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена.

Претходно, на 28 март, државава прогласи за персона нон грата пет руски дипломати, кои извршувале активности што се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи. Минатата година, пак, за персона нон гарта МНР прогласи двајца руски дипломати, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од земјава. Во овие два лански случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва. нд/сп/

Остани поврзан