Северна Македонија донираше музејски експонат од Втората светска војна на Паркот на воена историја Пивка
- Во рамки на официјална посета на Словенија, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за одбрана на Словенија Марјан Шарец, го посетија Паркот на воената историја Пивка каде со

Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Во рамки на официјална посета на Словенија, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за одбрана на Словенија Марјан Шарец, го посетија Паркот на воената историја Пивка каде со церемонија беше извршено примопредавање на музејски експонат, германски против-воздушен топ „Флак 38“ од Втората светска војна, донација од Северна Македонија.
-Музеите се наше автентичното наследство – места каде се потсетуваме и учиме за историјата, места кои инспирираат, нè поврзуваат со нашите предци и нè потсетуваат на настаните од минатото. Чест ми е што со нашата донација ќе ја збогатиме поставката во овој музеј, рече министерката.

Официјалната посета на министерката Петровска на Словенија продолжува и утре, со посета на Воздухопловна база на словенечките вооружени сили во Церкље об Крки каде ќе биде изведена показна вежба и посета на регионалното Школо за операции воздух – земја. дма/сст/