Северна Кореја усвои закон за забрана за пушење на јавни места
- Северна Кореја донесе одлука за забрана за пушење на јавни места, со цел да се „заштитат животите и здравјето на луѓето“ и да се обезбедат „повеќе културни и цивилизирани услови за живот“, пр
![Северна Кореја усвои закон за забрана за пушење на јавни места](https://mia.mk/images/20221105001317_big_730x400_30.webp )
Пјонгјанг, 5 ноември 2020 (МИА) - Северна Кореја донесе одлука за забрана за пушење на јавни места, со цел да се „заштитат животите и здравјето на луѓето“ и да се обезбедат „повеќе културни и цивилизирани услови за живот“, пренесе новинската агенција Кјодо.
Пушењето ќе биде забрането во здравствените установи, возилата за јавен превоз, кината, театрите, училиштата, продавниците.
Законот беше усвоен на седницата на Собранието.
Севернокорејската новинска агенција КЦНА објави дека контролата врз производството и продажбата на цигари ќе биде засилена, додека казни ќе бидат изречени за оние што го кршат законот. паг/