• сабота, 23 ноември 2024

Северна Кореја соопшти дека извршила уште еден „тактички нуклеарен напад“

Северна Кореја соопшти дека извршила уште еден „тактички нуклеарен напад“

Сеул, 3 септември 2023 (МИА) - Северна Кореја вчера изврши нова симулација на „тактички нуклеарен напад“ во вежба која вклучува две крстаречки ракети со долг дострел кои носат симулирани нуклеарни боеви глави, објави денеска севернокорејската централна новинска агенција (KCTA), цитирана од Ројтерс, пренесе БТА.

Според државните медиуми, акциите на Пјонгјанг биле одговор на заедничките воени маневри на САД и Јужна Кореја.

Јужнокорејската војска вчера објави дека Северна Кореја истрелала неколку крстосувачки ракети во правец на Жолтото Море, а во петокот KCTA објави уште една симулација на „тактички нуклеарен напад“, пренесе БТА.

-Тактичкиот нуклеарен напад беше изведен за да ги предупреди непријателите за вистинската закана од нуклеарна војна, соопштила агенцијата, поради, како што наведува „напорите на Пјонгјанг да ги одврати Вашингтон и Сеул“.

Заедничките летни воени маневри на Јужна Кореја и САД, насловени како „Штитот на слободата“, завршија во четвртокот по 11-дневните вежби на бомбардери Б-1Б. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан