• недела, 22 декември 2024

Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре во Јужна Кореја

Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре во Јужна Кореја

Пјонгјанг, 1 јуни 2024 (МИА) - Северна Кореја денеска повторно  испрати балони што носат ѓубре преку границата во Јужна Кореја, соопшти јужнокорејската војска.

Војската ги замолила граѓаните да не ги допираат балоните и да се пријават кај властите кога ќе ги видат, јави агенцијата Јонхап.

Јужнокорејскиот министер за одбрана, Шин Вон-сик, претходно денеска овие активности на Северна Кореја ги оцени како „незамисливо примитивно однесување“.

Предходно неделава Северна Кореја веќе испрати стотици балони со ѓубре кон соседот.

Севернокорејскиот министер за одбрана во неделата објави дека земјата ќе користи „силна моќ за самоодбрана“ и предупреди дека „купишта отпадна хартија и нечистотија“ ќе бидат испратени на југ како одговор на „валканите предмети“ што се испраќаат од Јужна Кореја, јавија британските медиуми. Под „валкани предмети“ тој мислеше на долгогодишната пракса на јужнокорејските активисти преку граница, кон Северот, да испраќаат балони со летоци во кои се критикуваат севернокорејските лидери или USB мемориски стикови со музика.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан