• недела, 07 декември 2025

Северна Кореја изградила ракетна база во близина на границата со Кина

Северна Кореја изградила ракетна база во близина на границата со Кина

 

Пјонгјанг, 21 август 2025 (МИА) - Северна Кореја изгради воена база во близина на границата со Кина, за која се верува дека се користи за складирање на балистички ракети со долг дострел, според извештај на Американскиот центар за стратешки и меѓународни студии објавен оваа недела.

Таканаречената тајна, или „непријавена“ база за балистички ракети е изградена на само 27 километри од границата со Кина.

Се наоѓа во покраината Северен Пјонган, на северозапад од Северна Кореја.

Базата Синпунг-донг веројатно ќе сместува интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ), вклучувајќи ги и оние способни да носат нуклеарно оружје, се вели во извештајот. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан