• вторник, 19 ноември 2024

Северна Кореја во декември ќе ги отвори границите за странски туристи, соопштија туристички агенции

Северна Кореја во декември ќе ги отвори границите за странски туристи, соопштија туристички агенции

Пјонгјанг, 14 август 2024 (МИА) - Северна Кореја во декември годинава повторно ќе го отвори за меѓународен туризам североисточниот град Самџијон, а веројатно и останатиот дел од земјата, соопштија денеска туристичките агенции.

Овој потег е знак дека Северна Кореја се подготвува повторно да ги отвори своите граници за поголеми групи странски туристи по долгогодишни строги гранични контроли, кои беа воведени поради пандемијата со коронавирусот, пренесуваат агенциите.

„Добивме потврда од нашиот локален партнер дека туризмот во Самџијон, а веројатно и во остатокот од земјата официјално ќе продолжи во декември 2024 година“, објави на својата веб страница туристичка компанија од Пекинг. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан