• петок, 05 декември 2025

Себаедин Даути: Нудиме решение за Гостивар без долгови и со современо управување

Себаедин Даути: Нудиме решение за Гостивар без долгови и со современо управување

Гостивар, 7 октомври 2025 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од коалицијата ВЛЕН, Себаедин Даути на денешната прес-конференција се осврна на проблемите со долгот и раководење со локалната самоуправа.

Даути истакна дека Гостивар е најзадолжената општина во Македонија, со активен долг од 20 милиони евра, со што, како што посочи секој граѓанин должи по 430 евра долг. Тој го критикуваше и раководењето на јавните претпријатија и нагласи дека во градот нема ниту чистота, ниту одржувана инфраструктура, ниту видливи инвестиции.

- Ова е последица на 8 години лошо управување, недостаток на транспарентност и злоупотреба на јавните средства. Затоа, денес јас со гласно велам: доста е со оправдувања, време е за решенија. Нашето решение е за Гостивар без долгови и со современо управување, рече Даути.

Како мерки кои ќе придонесат за зголемена ефикасност и увид во трошењето на парите, Даути кажа дека тоа ќе се прави со ревизорски преглед на секој договор, трошок и одлука на општината, пата граѓаните ќе знаат каде оди секое нивно евро. Даути предвидува финансиски план за отплата на долговите на контролиран начин во рок од четири години, без запирање на основните инвестиции.

Новата власт ќе ја прекине праксата за клиентелистички договори и ревизија на набавките што го оптовариле буџетот. За подобар увид и прибирање на даноците тимот на кандидатот за градоначалник предвидува дигитален систем и портал „Каде оди мојот данок“, преку кој секој граѓанин ќе знае каде се трошат неговите пари.

Како поважни мерки за зајакнување на општинската администрација Себаедин Даути најави нејзино реструктурирање, оценка на перформансите и јасна поделба на одговорностите. Дел од инвестициите ќе се реализираат преку партнерства со приватниот сектор и меѓународни донатори за инвестиции во инфраструктура, без ново оптоварување на општинскиот буџет, а како пракса во иднина ќе биде применето партиципативно буџетирање, со кое граѓаните ќе одлучуваат каде да се инвестираат 7% од општинскиот буџет.

- Тие што го задолжија Гостивар сега бараат уште еден мандат. Но, градот не може да поднесе уште еден мандат на долгови, измами, менаџерска неспособност и корупција. Ние нема да го банкротираме Гостивар ние ќе го обновиме. Ќе ја вратиме општината во служба на граѓаните, а не на партијата и разни кланови. Гостивар заслужува современо, транспарентно и чесно управување, рече Даути. згм/дма/

Фото: ВЛЕН

 

Остани поврзан