СДСМ ќе поднесе иницијативата за повторно ставање во функција на Парламентот, Џафери чека да го види предлогот
- Пратеници на СДСМ се очекува денеска до Собранието да ја достават иницијативата за повторно ставање во фунцкија на законодавниот дома, што се самораспушти на 16 февруари поради одржувањето на





Во Демократската партија на Албанците (ДПА) сметаат дека треба да се свика Собранието и велат дека ќе ја поддржат иницијативата, но исто така претседателот на партијата Мендух Тачи рече дека е време сите парламентарни партии да бидат дел од широка коалиција за Влада.
-Ние сме парламентарна демократија. Собранието ја контролира извршната власт. Ако во одредени моменти како што сега се наоѓаме, имаме вонредна ситуација, постои огромна опасност Владата да дејствува без парламентарна контрола. Тоа веќе неколку пати најавуваме на конференции за печат оти така веќе делува ДУИ кои имаат очигледно за малку еден отсто апсолутна власт кај Албанците. Мислиме дека на првата седница на Собранието ќе треба да се диксутира за Влада на национално единство во која ќе учествуваат сите парламентарни партии, истакна Тачи на прес - конференција.
Граѓански организации повикуваа Парламентот да се собере и да работи Институтот за демократија смета дека Собранието мора повторно да се состане за да констатира дали постојат услови за вонредна состојба. Оваа одлука мора да ја донесе законодавното тело кое го претставува суверенитетот на граѓаните. Вонредната состојба не одредува конкретни мерки кои треба да се спроведат, туку нуди основа за постапување на извршните органи (Владата) во која има широки можности за постапување кои носат и големи ризици.