• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Финансиска поддршка од 600 до 800 денари месечно за струја за околу 7.500 семејства со ниски примања 

СДСМ: Финансиска поддршка од 600 до 800 денари месечно за струја за околу 7.500 семејства со ниски примања 
Скопје, 13 јануари 2022
 
 СДСМ преку институциите што ги предводи останува посветена на надминување на последиците од енергетската криза и заштита на економскиот стандард на граѓаните, особено на ранливите категории.
 Во таа насока, објавен е јавниот оглас за доделување на финансиска поддршка на лица со ниски примања во 2022 година, за која се обезбедени 60 милиони денари.
 Месечната сметка за потрошена електрична енергија се намалува за 600 до 800 денари со оваа поддршка.
 На овој јавен повик може се да се пријават сите оние чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30 000 денари и тоа:
 За самец до 15 194 денари, за домаќинство со два члена до 18 000 денари, за домаќинство со три члена до 21 000 денари, за домаќинство со четири члена до 25 000 денари и за домаќинство со пет или повеќе членови до 30 000 денари.
 Оваа финансиска поддршка се доделува на месечно ниво, во времетраење од 12 месеци.
 Проценките говорат дека со оваа мерка ќе се опфатат над 7 500 домаќинства, а повикот за пријавување ќе биде отворен 30 дена.
 Владата предводена од СДСМ постојано презема мерки за надминување на предизвиците од енергетската криза, за заштита на стандардот на домаќинствата и поддршка на стопанството.
 Течат подготовките на нови антикризни мерки кои ќе дадат силен поттик и поддршка на компаниите и граѓаните.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан