• недела, 22 декември 2024

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ нарачувала лажни анкети, партијата бара извинување и најавува тужби за клевета

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ нарачувала лажни анкети, партијата бара извинување и најавува тужби за клевета

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска објави документи со кои, како што велат од партијата, се потврдува дека „лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ“. ОД ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека документите се лажни и бараат извинување, а во спротивно најавуваат тужба за клевета.

- Станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 5 декември 2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести. Документите со потписи потврдуваат дека оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ го содржи она што и реално се случува, се вели во соопштението од СДСМ.

Планот, според партијата, предвидува креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитувале на МТВ,а дефиниран бил и составот на гости во емисијата, да бидат аналитичари и тоа три опозициски и еден од власта.

-ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести а креираат и лажни вести преку „дувла“ кои ги објавуваат опозициски портали. Ова е голем скандал кој покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните а немаат врска со реалноста. Но исто така потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ. Пропагандата, злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анекти се истите методи на Никола Груевски сега ги спроведува Христијан Мицкоски, велат од СДСМ и бараат одговорност за, како што велат, скандалот со анкетите.

Од ВМРО ДПМНЕ, пак, веднаш реагираа на тврдењата на СДСМ и велат дека документите на СДСМ се целосно измислени. Од партијата најавуваат дека ќе следува тужба за клевета.

-Најостро и изрично ги демантираме информациите првично објавени во еден медиум, а потоа истите лаги дополнети од СДС. Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу и потоа прераскажани од СДС. Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2020-та не смеат да се повторат грешките од минатата. Мора да се стави крај на оваа криминалнo рекетарска банда не чело со аболицираниот криминалец Заев. Мора да се стави крај на поразите

Според ВМРО-ДПМНЕ, иако, како што нагласуваат, за СДСМ е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски, веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ.

-Сметаме дека изворот на ваквите информации се од кујната на СДС кои очајнички прибегнуваат кон дезинформации, фалсификуваат документи соочени со претстојниот пораз. На времето правеа бугарски летоци, сега измислуваат документи. За парите дадени на Асаф Исеин можеле да бидат барем малку покреативни во измислувањето. Поминува времето кога Ковачевски може шеретски да седи на влада и да одлучува кој што ќе прави, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на тврдењата на СДСМ за анкетите на Националната телевизија. 

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат СДСМ да се извини за, како што нагласуваат ваквите лаги, а во спротивно најавуваат дека ќе следи тужба за клевета. сст/бак/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан