• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Со блокади во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ е против повисоки плати за наставниците

СДСМ: Со блокади во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ е против повисоки плати за наставниците
Скопје, 20 февруари 2022 
Срамно е однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои со блокади, деструкции и закани за физички насилство спречуваат повисоки плати во образованието и трајно вработување за 4.700 наставници и стручни соработници во основните и средните училишта.
Цела година ВМРО-ДПМНЕ го блокира овој Закон на штета на наставниците и стручните соработници.
За ВМРО-ДПМНЕ било штетно ова законско решение кое е во интерес на 27.000 наставници во основното и средното образование.
ВМРО-ДПМНЕ лаже дека ќе се укинува приправничкиот стаж, лаже дека се бори за поголеми плати во образованието, нивните блокади се на штета на наставниците и целиот образовен процес.
Ниедна лага нема да го покрие штетното дејствување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата предводена од Христијан Мицкоски има проблем секогаш кога парите треба да завршат кај граѓаните, но нивните блокади нема да успеат, измените на законот ќе бидат донесени.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 
Реакција на прес-конференцијата на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан