• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Проширувањето на листата на лекови е благодарение на СДСМ

СДСМ: Проширувањето на листата на лекови е благодарение на СДСМ

16 август 2024

Проширувањето на позитивната листата на лекови со нови 9 лекови е благодарение на СДСМ затоа што ги започна и сите предуслови за тоа да се случи беа завршени во мандатот на СДСМ.

Подобрување на пристапот до лекови, менување на позитивната листа на лекови и надополнување на листата со модерни лекови беше дел од долгорочните политики на СДСМ.

СДСМ ја отвори можност за нова, современа и поефекасна терапија за граѓаните после цели 13 години.

Беше усовоен нов Правилник за ставање лек на позитивната листа, усогласен со европските правилници. 

Во 2023 година беше формирана и стручна комисија а претходно беше усвоени нови критериуми, кои опшфаќаа и значење на лекот од аспект на јавно здравје, вредност на лекот, фармако-еконосмки аспекти што за првпат се воведоа како новина, етички аспекти за употреба на лекот како и дополнителни податоци од референтни извори и научни сознанија за секој лек.

За граѓаните се отвори можноста за нови лекови а за фармацевтските компании можат да почнат со навремена подготовка на документацијата. 

Актуелната власт само го заврши процесот.  Но за жал и тоа е нецелосно. Како што гледаме процесот не е комплетен, потребно е оваа листа да се интегрита и заедно со болничките лекови да се дополни.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан