• четврток, 21 ноември 2024

СДСМ: Повлекување на Христовски и назначување нов директор на АНБ со почитување на сите прописи и законски норми

СДСМ: Повлекување на Христовски и назначување нов директор на АНБ со почитување на сите прописи и законски норми

21 октомври 2024 

Партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски во интервју за емисијата КОД потврди дека нема соодветен безбедносен сертификат. Христовски нема сетрификат „Државна тајна“ и поднел барање за ваков сертификат дури откако по партиска диркетива беше назначен за директор на АНБ.

АНБ како безбедносна служба располага со многу класифицирани информации од највисок степен до кои актуелниит директор нема право да има увид се додека не го добие сертификатот.

Ова ги потврдува сите сомнежи дали Христовски воопшто ги исполнува законските услови да биде на волку висока позиција.

Останува отворено прашањето дали Христовски има виситински документ за познавање на Англиски јазик затоа што приложил Уверение од училиште во Пловдив – Бугарија, а во Пловдив воопшто нема TОEFL центар за тестирање.

Понатаму, отворено е и прашањето дали Христовски воопшто има 5 години стаж на раководни позиции сигласно законските услови?

Во неговата објавена биографија недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство во УБК во периодот од 2012 до 2017 година.

ВМРО-ДПМНЕ брутално ги партизира институциите а со назначувањето на директор на АНБ води кон целосно уништување на безбедносните структури.

СДСМ бара повлекување на Христовски и назначување нов директор на АНБ со почитување на сите прописи и законски норми.

СДСМ - Центар за комуникации 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан