СДСМ: Од шпицен кандидат Мицкоски стана шпицен аутсајдер
- Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се изгубени и во просторот и во времето.
Скопје, 20 јули 2020
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се изгубени и во просторот и во времето. Граѓаните на 15 јули, на фер и демократски избори, јасно и недвосмислено ги казнија неговите политики кои се заглавени во матрицата на Груевски, во матрицата на режимот. Мицкоски губи трети избори по ред и се уште одбива да се помири дека граѓаните сакаат да одат напред, а не да се враќаат назад. Тој е поразен политичар кој ги потценува граѓаните, ги потценува гласачите, па дури ги потценува и лаже и сопствените членови и поддржувачи. И Мицкоски и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со лажни приказни, со креирање лажна реалност можат да ги излажат граѓаните. Мицкоски единствено за што може да преговара е за столчето во белата палата, зошто и тоа му е климаво. Граѓаните не паѓаат на манипулациите и на лагите на Мицкоски и на ВМРО-ДПНМНЕ. Веќе на нив никој не им верува, не им веруваат ниту членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Од шпицен кандидат Мицкоски стана шпицен аутсајдер и затоа најдобро е да оди надвор од политиката, бидејќи граѓаните јасно му го покажаа патот.Државата, граѓаните со СДСМ продолжуваат напред по исправниот, вистинскиот пат. Уште подобро и уште повеќе.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.