• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Започнува исплатата на финансиската поддршка за основците и средношколците

СДСМ: Започнува исплатата на финансиската поддршка за основците и средношколците

Скопје, 13 јануари 2023

СДСМ се грижи за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства и за нивната социјална сигурност, со дополнителна финансиска поддршка во рамките на 9-тиот пакет антикризни мерки.

За неколку дена започнува исплатата на финансиска поддршка за 105.000 средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари.

Во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат по 1.800 денари, односно вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година

Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат по 1.200 денари месечно. Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година за ученик а опфатени се 70.000 ученици од основно училиште.

СДСМ во услови на продолжени ефекти од енергетската криза и зголемени трошоци им помага на учениците и на нивните семејства.

Со СДСМ секој добива повеќе.

______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан