• сабота, 06 јули 2024

СДСМ: Граѓаните ја препознаваат разликата, Маврово и Ростуше со Медат Куртовски ќе продолжи да се развива

СДСМ: Граѓаните ја препознаваат разликата, Маврово и Ростуше со Медат Куртовски ќе продолжи да се развива
Скопје, 6 август 2022 Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, организациониот секретар, Вангел Андрески и членот на ИО, Костадин Ацевски денеска во општината Маврово и Ростуше се сретнаа со жителите од населените места Требиште, Велебрдо и Ростуше. Низа проекти зборуваат за упорната, вредна и посветена работа на кандидатот за градоначалник Медат Куртовски. Маврово и Ростуше може да биде обединето само со актуелниот градоначалник Куртовски кој ја направи разликата во оваа општина реализирајќи над 60 проекти. Решени се горливи прашања на мештаните од овие населени места, инфраструктурно, пристап до чиста вода за пиење, паркинг простори. Маврово и Ростуше со Медат Куртовски го менува својот лик. Секојдневно се развива и станува општина еднаква за сите. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан