СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за скандалите во Еразмус+
- По огормниот скандал Владата на Христијан Мицкоски мора веднаш да ја разреши в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, порача на прес-конференција потретседателот на СДММ Јовица Јанковиќ што МИА ја пренесува интегрално.

Скопје, 14 август 2025
По огормниот скандал Владата на Христијан Мицкоски мора веднаш да ја разреши в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, порача на прес-конференција потретседателот на СДММ Јовица Јанковиќ што МИА ја пренесува интегрално.
Тоа е основен услов за целосно и непристрасно процесирање на предметот од Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ - Европската канцеларија за борба против измами.
Како што јавно објавивме, ОЛАФ наведува злоупотреби во вредност од милиони евра, европски пари.
Во извештајот на ОЛАФ, којшто е јавно објавен, постојат сомнежи дека во периодот кога Михајлов била одговорно лице за евалуаторите, преку вмрежени лица и фирми се злоупотребени над 2 милиони евра.
Иако извештајот е доставен во 2023 година, до ден-денес нема обвинителен акт.
Клучното прашање е дали со назначувањето на Михајлов власта има за цел да ја блокира и влијае на истрагата на ОЈО и ОЛАФ?
Дополнително, веќе објавивме информации од свиркачи за тоа како се доделени преку 8 милиони евра на фирми под крајно сомнителни околности кои мора да се истражат.
Сомнително е и самото поништување на претходниот конкурс кој бил стопиран за да се назначи в.д по мерка на власта.
Владата молчи на прашања зошто изборот е направен без согласност Европската унија и на овој начин?
Очигледно заштитита на своите партиски и бизнис интереси за власта е најважно.
Почитувани,
Ова е голем скандал кој мора да биде расчистен.
Европските пари наменети за младите, образованието и развојот не смеат да бидат извор за партиски профит и корупција.
Бараме:
-Владата да ја разреши в.д. директорката Ана Михајлов.
-Итно постапување на Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ и процесуирање на сите инволвирани лица.
Одговорност мора да има – веднаш и без одложување.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: СДСМ