• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Арсовска ги игнорира ингеренциите на Град Скопје за топлинската енергија 

СДСМ: Арсовска ги игнорира ингеренциите на Град Скопје за топлинската енергија 
Скопје, 12 јануари 2022  Градоначалничката Данела Арсовска секојдневно покажува неспособност да ги решава проблемите на скопјани и основно непознавање на нејзините ингеренции. Наместо конкретни мерки за помош на скопјани во време на енергетска криза и криза со топлинска енергија во Град Скопје, Арсовска не презема ништо, дури нема предвидено ниту денар во Буџетот за помош на граѓаните. Но, затоа Арсовска постојано се иззема и бара оправдувања за нејзината неспособност и незнаење и при тоа го игнорира фактот дека Град Скопје има ингеренции врз топлинската енергија. Арсовска, односно Град Скопје има обврска пред скопјани, но и законски обврски и надлежности во делот на енергетиката. Поточно, Член 151 став 1 од Законот за енергетија вели дека „Заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве дејности: 1)      Производство на топлинска енергија; 2)      Дистрибуција на топлинска енергија и 3)      Снабдување со топлинска енергија. Срамно е што Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги заборавија скопјани во време на криза. Ова е крајно неодговорен, нечесен и потценувачки однос на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кон Град Скопје и неговите граѓани. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ _________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан