СДСМ: Сите лаги, клевети, лажни вести на Христијан Мицкоски паднаа во вода
- Сите лаги, клевети, лажни вести на Христијан Мицкоски се срушија и паднаа во вода. Исто како и за членството во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ беше на спротивната страна од интересот на граѓаните, од инте
Скопје, 9 декември 2020 -
Сите лаги, клевети, лажни вести на Христијан Мицкоски се срушија и паднаа во вода.
Исто како и за членството во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ беше на спротивната страна од интересот на граѓаните, од интересот на државата.
Како што се доближувавме до членство во НАТО, толку поинтензивно ширеа поделби, лажни вести, лаги и говор на омраза.
Од лагите за изградба на станови за мигранти, од лагите за наводни редефирнирања на државата, преку лагите дека нема доволно тестови за коронавирусот па се до хистеричните лаги дека се преговара за македонскиот иденитет.
Хистеричниот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените кои навиваа Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговори, единствените кои блокираа реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ.
Најпозитивниот Извештај на Европската комисија Мицкоски го прогласи за лага.
Не смогна Мицкоски сили ниту да честита, ниту да аплаудира во Собранието на денот кога станавме 30 земја-членка на НАТО.
И еве денеска уште еден пораз за лагите Мицкоски, паднаа во вода сите измислици и смислени клевети кои ревносно ги ширеше.
Се срушија лагите дека наводно се распродавал македонскиот идентитет. Не само што не се распродава како што клеветеше Мицкоски туку македонскиот иденитет е заштитетн.
Сега тоне Мицкоски во сопствената хистерија и сопствениот проблем што нема став а граѓаните му сврета грб и го пратија во опозиција.
Наспроти срамните лаги коишто се опасност за стратешките интереси на земјата, македонскиот народ и сите граѓани на нашата земја со крената глава цврсто стојат за својата иднина.
Знаат граѓаните која е реалноста. Македонци кои зборуваат македонски јазик. Свои на своето.
Отсекогаш, засекогаш.
Станавме земја-членка на НАТО како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ќе станеме членка и на ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик.
На оваа страна е народот, Мицкоски е осамен во неговата хистерија уште долго во опозиција.
Соопштение за јавност - реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.