• четврток, 26 март 2026

СВР Штип: Тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје

СВР Штип:  Тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје

Виница, 3 октомври 2025 (МИА) - Вчера околу 11:25 часот пред угостителски објект во Виница, настанала физичка пресметка помеѓу Д.М. и И.С. откако  претходно дошло до нивна меѓусебна расправија. Случајот е пријавен во локалното Одделение за внатрешни работи истиот ден во 18:20 часот, по што полициски службеници го лишиле од слобода Д.М. (37) од Виница.

Според пријавата,  И.С. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кочани бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување.

Увид на местото изврши екипа од СВР Штип - ОВР Виница,

Д.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.ис/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан